
Вечерва (20 август), на Руфтоп опен ер синема, во Скопје сити мол во 20,30 часот се одржи специјална проекција под отворено небо, по повод 20 години од најгледната црна комедија „Бал-кан-кан“ во режија на Дарко Митревски.
По проекцијата следува кратка сесија разговори со дел од филмската екипа на „Бал-кан-кан“.
„Бал-кан-кан“ е македонски филм во италијанска копродукција, кој го следи животот на македонски бегалец кој патува низ Балканот за да ја пронајде својата свекрва која е завиткана во тепих. Дарко Митревски е режисер и сценарист на филмот, а Владо Јовановски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска и Тони Михајловски ги играат главните улоги.
Добитник е на Специјалната награда од филмските критичари на Русија на 27. Московски Меѓународен филмски фестивал одржан во 2005 година.
Филмот е гледан од повеќе од 500.000 луѓе во Македонија уште во годината на својата премиера и на тој начин се смета за најгледаниот во македонската историја. Истовремено, тој е филмот со најголема заработка на нејзината територија.