Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ доби Специјална награда на Британските награди за кинематографија (BSC), по повод 45-годишнината од постоењето.
Фестивалот Браќа Манаки е најстар фестивал посветен на уметноста на кинематографијата во светот. Основан во 1979 година, фестивалот е именуван по двајца пионери на киното, Јанаки и Милтон Манаки. Со независноста на Македонија во 1991 година, фестивалот прерасна во Меѓународен филмски фестивал, кој слави светското кино и истакнува нови таленти, како пред така и зад камерата. Фестивалот се одржува во шармантниот македонски град Битола кој стана центар на уметноста и креативноста. Управниот одбор на Британското здружение на кинематографи ја додели оваа награда како признание за посветеноста на фестивалот да ја слави уметноста на кинематографијата и неговата страст за прикажување на разнолика палета на игран филм, документарци и кратки филмови од целиот свет, напишаа од Британското здружение на кинематографи (BSC).