
Денеска почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, на којшто германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на 10-дневниот настан.
Филмот што ќе го отвори фестивалот е драмата „Kabul Jan“ („Сакан Кабул“ / „Нема добри луѓе“), за снимателка што работи во Авганистан. Приказната е заснована на вистинската животна драма на режисерката Шахрбану Садат која ја напуштила својата родна земја во 2021 година и сега живее во Хамбург, Германија.
Меѓу ѕвездените гости што се очекува да присуствуваат на гала-свеченоста на отворањето на плоштадот „Потсдамер плац“ во Берлин е и Мишел Јео, за која се очекува да ја добие почесната „Златна мечка“ за животно дело. Се очекуваат и американските глумци Памела Андерсон и Итан Хоук, како и британската поп-ѕвезда Чарли екс-си-екс.
„Берлиналето“ ќе трае 10 дена – до 22 февруари. На минатогодишниот настан беа продадени повеќе од 330.000 билети за кинопретставите.

Македонски



