Skip to main content

„Приказната за Силјан“ и „АРКО“ денеска во Кинотека

Понеделник , 23 февруари

18:00

ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН

Тамара Котевска / 80 мин

Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

РежисерТамара Котевска

Година 2025

Земја Македонија

Времетраење 80 мин

Возрасна категорија 16+

Јазик Македонски

Формат DCP

20:00

АРКО

Уго Биенвену, Феликс де Гиври / 82 мин

Во 2075 година, девојче сведочи на падот на мистериозно момче облечено во костум во боите на виножитото. Момчето доаѓа од иднина каде патувањето низ времето е возможно, а нивната средба се претвора во трогателна приказна за пријателство, надеж и враќање дома.

Улоги

Маргот Рингард Олдра, Оскар Тресанини, Натанаел Перо

Режисер Уго Биенвену, Феликс де Гиври

Година2026

Земја Франција, САД, Обединето Кралство

Времетраење 82 мин

Возрасна категорија Сите Возрасти

Формат DCP

Поврзани вести