
Италијанската актерка Клаудија Кардинале почина на 87 години, објави Ројтерс.
Родена во Тунис во семејство со сицилијанско потекло, Кардинале ја започна својата актерска кариера во 1957 година, кога победи на натпревар за убавина во Тунис, што ѝ овозможи да присуствува на Венецискиот филмски фестивал.
По неколку помали улоги, таа стекна меѓународна слава во 1963 година, кога глумеше во „8 и пол“ на Федерико Фелини и „Леопард“ на Лучино Висконти.
Имаше успех и во Холивуд, појавувајќи се во блокбастерот „Розовиот пантер“ (1963) и класичниот вестерн „Си беше еднаш на Запад“ (1968).
Како сценска актерка, Кардинале продолжи да настапува кон крајот на својата кариера, а последен пат се појави во швајцарската серија „Бик“ во 2020 година.
Таа ја доби наградата за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал во 2002 година, а книга за нејзиниот живот, „Клаудија Кардинале. Нескротена“, беше објавена во 2022 година.
Живеев повеќе од 150 животи, проститутка, светица, романтичарка, секаков вид жена и прекрасно е да се има таа можност да се промениш. Работев со најважните режисери. Тие ми дадоа сè“, рече Кардинале во едно од нејзините последни интервјуа.
Во 2018 година Клаудија Кардинале беше во Македонија. Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и ја додели наградата „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.