Skip to main content
O-9Zxip6LOo

„Млади мајки“ – награденото остварување на браќата Дарден од 5 март во кината

Новиот филм на прочуените белгиски автори, браќата Дарден, Млади мајки“ (Jeunes mères, 2025) од 5 март 2026 започнува со редовна дистрибуција во домашните кина.

Сместен во дом за млади мајки во Белгија, филмот следи пет тинејџерки кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња. Секојдневните борби, сомнежи и мали победи се прикажани со сурова искреност, но и со длабока емпатија – во препознатливиот стил на дaрденовски реализам, без патетика и без наметнати емоции.

Филмот беше дел од главната конкуренција на Филмскиот фестивал во Кан, каде што ја освои Наградата за најдобро сценарио, уште еднаш потврдувајќи ја авторската зрелост и социјалната чувствителност на браќата Дарден.

„Млади мајки“ е интимна и моќна приказна за младоста, одговорноста и надежта – филм што тивко, но силно потсетува дека зад секоја животна борба стои човечко достоинство.

Од 5 март 2026, гледајте го „Млади мајки“ во кината.