Skip to main content

Македонско научно друштво-Битола премиерно ќе го прикаже документарниот филм „Фаќачи на раселени сеќавања – приказната на Зиса Хаџиевски“ на авторката Ивана Хаџиевска

Македонско научно друштво (МНД)-Битола ќе промовира проекција на документарниот филм „Фаќачи на раселени сеќавања – приказната на Зиса Хаџиевски“ на авторката Ивана Хаџиевска.

Станува збор за независен проект на Хаџиевска од областа на усна историја, реализиран во 2019 година, а по повод одбележувањето на 70 години од крајот на Грчката граѓанска војна.

Реализацијата на документарниот филм беше проследена со едногодишно истражување кое започнува од премисата за наративите за „македонските деца бегалци од Грчката граѓанска војна“ и нивната манифестација во културата на сеќавање. Истражувачкиот процес беше дизајниран за испитување на теоретските и едукативните потенцијали на усните сведоштва на децата бегалци со што документарниот филм воедно претставува извор за усна историја, како и полезен едукативен ресурс, најавија од МНД-Битола.

Проекцијата на македонскиот документарец „Фаќачи на раселени сеќавања – приказната на Зиса Хаџиевски“, видео продукција DreamCast Production, ќе се одржи вечер од 18 часот во салата за промоции на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.

Поврзани вести