Skip to main content

Францускиот институт во Скопје организира гала филмска вечер со премиера на „Луда љубов“

Францускиот институт во Скопје организира гала филмска вечер, со премиерата на филмот „Луда љубов” (2024), од Жил Лелуш, која ќе се одржи во среда, 3 декември, во 20 часот, во кино Синеплекс – Скопје Сити Мол.

Од 4 декември 2025, ќе следи проекција на филмот во рамките на редовниот репертоар на киното Синеплекс.

Настанот свечено ќе го отворат Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата на Франција, и Марија Апчевска, режисерка, а по проекцијата следи коктел.

„Луда љубов”, на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки.

Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во официјалната конкуренција, и досега постигна 5 милиони продадени билети само во Франција, во 2024 година.

Моќна романса со неверојатна благост и жанровски мешавина на социјална драма, крими-акција, мелодрама, романтична и музичка комедија. Филмот не смеете да го пропуштите!, напиша францускиот весник „Ле Фигаро“.

Поврзани вести