Skip to main content

„Филм или диктат?“: „МакеДокс“ организира кафе-дружба со наставници од училишта

Во рамки на 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, денеска во „Лабораториум“ ќе се одржи кафе-дружба со „Некстас“ на тема „Филм или диктат?“.

Настанот ќе започне во 13 часот, а од фестивалот се поканети наставници од основните и средните училишта кои се заинтересирани за можностите за користење документарни филмови во наставата.

Од 13 до 14:10 часот ќе биде прикажан филмот „Замокот“, по што од 14:10 до 15 часот ќе се одржи дискусија со Надица Таневска Јанева, наставник по социологија во СУГС „Георги Димитров“.

Седумнаесеттото издание на „МакеДокс“ се одржува од 20 до 27 август на повеќе локации во Скопје, меѓу кои Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албанскиот театар.

Фестивалот и годинава нуди програма посветена на креативниот документарен филм, со проекции, дискусии и активности наменети за различни публики.

Поврзани вести