Skip to main content

Drim Short 2025 oд 7 до 10 август под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“

Drim Short Film Festival 2025 е меѓународен фестивал на краток филм што секое лето ја претвора Струга во сцена за нови гласови, храбри приказни и свежа филмска енергија, информира Агенцијата за филм.

Претставува една од ретките манифестации во Македонија што се посветени исклучиво на кратки филмови.

Целта е да се промовираат и афирмираат млади режисери од земјава и од странство, преку нивни кратки остварувања кои пренесуваат силни пораки

Од 7 до 10 август, под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“, Drim Short 2025 нè повикува на длабоко, внимателно и ангажирано гледање на кратките филмови.

Во програмата годинава:

— Впечатливи филмови што пркосат и предизвикуваат

— Мастерклас со Никола Ристановски – еден од најзначајните актери на македонската сцена

— Настап на Флориан Хофмајстер – добитник на BAFTA и Emmy, и номиниран за Оскар за визуелната магија во TÁR, True Detective, Pachinko и други врвни остварувања

Посетете ја Струга за време на Drim Short. Се гледаме!

Поврзани вести