
Денеска, на 13 април, понеделник продолжува иницијативата на Агенцијата за филм македонските филмови да се гледаат на големото платно. По минатонеделниот успешен старт со „Панкот не е мртов“, кој прослави 15-годишнина од премиерата, овој пат следи филм од жанрот на креативната документаристика.
Во скопското кино „Синаплекс“ во 18 часот ќе биде прикажен „Avec L’Amour“ на режисерот Илијa Цветковски, документарец кој е посветен на Дионис Пашлаков, наставник по биологија од Неготино со голема страст за олдтајмери.
Влезот е бесплатен, по принципот прв дојден, прв услужен.

Македонски


