Skip to main content

Бесплатна проекција на грчкиот филм „What If” на 31 јануари во Кинотека

Greece in North Macedonia ја најави бесплатната проекција на грчкиот филм “What If”, во режија на Кристофер Папакалијатис.

Проекцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија, во сабота, на 31 јануари 2026 година, со почеток во 20:00 часот, а влезот за публиката е слободен.

Настанот е дел од континуираниот циклус на грчки филмски проекции на Амбасадата, насловен „Getting to Know Each Other“, чија цел е да ја доближи публиката до современата грчка кинематографија и нејзините автори.

Филмот „What If“ доаѓа од авторот на меѓународно признатата Netflix серија Maestro in Blue, и нуди емотивна и интелигентна приказна сместена во Атина, во периодот на длабока економска криза во Грција.

Поврзани вести