
Пејачот Владо Георгиев е приведен во вторникот вечерта во Пљевља.
Имено, медиумите објавија дека пејачот Владо Георгиев бил приведен поради возење под дејство на алкохол, но тој изјавил дека причината е неприлагодена брзина.
„Точно е дека бев приведен, но причината не беше возење во алкохолизирана состојба, туку пребрзо возење“, изјави Георгиев за српски „Курир“.
Георгиев доцна во ноќта сподели објава на социјалната мрежа Икс, алудирајќи на овој настан.
Како што јави „Вијести“, полицијата вечерва го контролирала возилото на познатиот пејач на регионалниот пат Пљевља-Ранче.