Skip to main content

Со новата песна „Да не полудам“, Браво Бенд нуди уште едно силно музичко поглавје

Со повеќе од две децении активна музичка кариера, Браво Бенд повторно ја потврдува својата позиција на домашната сцена, претставувајќи ја најновата песна „Да не полудам“ – издание кое уште од самиот старт го привлекува вниманието на публиката и музичката јавност.

Само еден час по премиерата на нивниот официјален YouTube канал, реакциите се повеќе од јасни – новиот сингл веќе се издвојува како нов хит. Големиот број прегледи, коментари и споделувања, проследени со позитивни оценки од колеги и обожаватели, укажуваат на силниот емотивен и комерцијален потенцијал на песната.

Музиката и текстот ги потпишува Кире Денов, додека аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Дејан Георгиевски . Дополнителна емоционална димензија на композицијата и дава  Андријана Јаневска како  пратечки вокал. Визуелната приказна, која ја заокружува целокупната продукција, е резултат на соработката помеѓу Кире Денов, Стефан Џокановски и Ѓорѓи Вацев, кои беа задолжени  за режијата, камера, монтажа и комјутерската графика, создавајќи модерен и впечатлив видео запис.

Во актуелниот состав, на Браво Бенд членуваат искусни и академски музичари како   Кире Денов (вокал/бас), Дејан Младеновски (тапани), Мирослав Милковски (клавијатури/вокал), Александар Трајанов (гитара) и Драган Младеноски (труба) – состав кој континуирано испорачува препознатлив звук и високо продукциско ниво.

Со новата песна „Да не полудам“, Браво Бенд не нуди само нова песна, туку и уште едно силно музичко поглавје кое веќе најавува дека ќе го одбележи периодот што следува.  Публиката, која верно ги следи низ годините, од денеска  добива песна што лесно се памети, се пее и се доживува.

Поврзани вести