Skip to main content

Синиша Евтимов ќе го режира К-15 шоуто, Џијан Емин задолжен за оркестарот кој ќе ги свири песните на „Дуо Трио“

Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров го закажаа и третото шоу во живо, со кое одбележуваат 30 години К-15. По распродадените настани на 16 и 17 мај во арената „Борис Трајковски“, од вчера во продажба се и картите за третото и, како што велат, последно шоу на 18 мај.

Од екипата велат дека ветија спектакл и публиката ќе го добие тој спектакл, затоа што, како што отркија вчера, за режијата и целосниот концепт на трите настани задолжен е режисерот Синиша Евтимов. Маестро Џијан Емин, пак, кој на сцената ќе биде придружуван од 30 врвни музичари, направи нови оркестрации на хитовите на „Дуо Трио“.

К-15 ветуваат незаборавна ноќ, исполнета со емоции и ретки моменти, што ќе останат во сеќавање на сите љубители на нивниот хумор и музика.  

Поврзани вести