Skip to main content

103-ка слави роденден со концертен серијал „Нова пролет“

На 30 април во Ла Кања во Старата скопска чаршија, по повод 34-0т роденден на Канал 103, концерт ќе одржи финскиот музички алхемичар Kadonnut Manner.

Kadonnut Manner е проект на Lauri Manner, уметничко име кое може да се преведе како „изгубениот континент“. Неговата музика е емотивно патување кое го спојува американскиот гитарски примитивизам со длабочината на блузот и суровата убавина на северот – наследство преточено во нешто сосема ново и лично.

Зад себе има богата 20-годишна музичка кариера како басист во повеќе панк бендови во матичната Финска (Out of Tune, Death by Snoo Snoo, Viimeinen Maailmansota) и повеќе од 400 настапи ширум Европа, гостувања на повеќе значајни панк, фолк и џез фестивали, и седум самостојни турнеи.

Вечерта музички ќе ја заокружат селекторите на Стотројка.

Претходната вечер, на 29 април, Kadonnut Manner ќе настапи во студиото на Канал 103, во рамки на радио серијалот „Ако никој не свири“.

Со оваа прослава почнува концертниот серијал на Стотројка „Нова пролет“, настапи на повеќе странски и домашни бендови и музичари, нови звуци, идеи и средби.

Поврзани вести