
Експертот за секс, Дејвид Смит, предупредува на четири клучни грешки што често се прават во спалната соба. Со неколку едноставни промени, можете да ја вратите страста и да ја подобрите интимноста со партнерката.
Одржувањето на возбуда во љубовниот живот може да биде предизвик, но Дејвид нуди совети за повторно будење на страста. Тој особено ја нагласува важноста на фокусот врз настаните надвор од самото сексуално искуство.
Еве четири чести проблеми што ги среќава во својата пракса:
🔹 Претесен фокус
Многумина ја „заробуваат својата сексуалност“ исклучиво во спалната соба. Дејвид предлага во текот на денот да делите комплименти и да навестувате возбуда за вечерта. Оваа „ментална предигра“ го подобрува расположението уште пред самиот секс.
🔹 Потценување на предјадењето во однос на главното јадење
Премногу често се фокусираме само на чинот на сексот, што е голема грешка. Жените имаат потреба од повеќе време за возбуда, па затоа е важно да се забави предиграта.
Колку побавно се движите, толку побрзо таа ќе доживее оргазам,“ истакнува Дејвид.
🔹 Премногу водење
Мажите често ја преземаат улогата на водачи, но жените подобро ги познаваат своите желби. Советот на Дејвид е да се приспособите на нејзиниот ритам и движења, барајќи знаци на нејзино задоволство.
🔹 Игнорирање на постсексуалната интимност
Она што се случува по сексот е еднакво важно како и она пред него. Не вртејте се само и не заспивајте – дарувајте ѝ бакнежи и милувања.
Таа треба да се чувствува ценета и сакана по сексот,“ нагласува Дејвид.
Овој пристап ги зголемува шансите за повторно доживување интимност и за отворање кон нови искуства.
Текст: Убавина и здравје