
„Република“ неофицијално дознава дека се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога.
Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин. Првичните информации укажуваат дека се разбива нова група што делувала на подрачјето на Скопје, што уште еднаш ја потврдува решителноста на актуелната администрација да ја исчисти земјата од уличниот и организираниот криминал. Она што го знаеме е дека ваквите акции се одвиваат без никакви политички калкулации нешто што во времето на СДСМ и ДУИ беше речиси невозможно.
Да беа тие на власт, дел од овие дилери најверојатно ќе беа регрутирани за „теренска поддршка“ во изборни цели, наместо уапсени. Новото раководство во системот на безбедност испраќа јасна порака декс нема недопирливи, нема политички заштитени, нема место за уличен криминал под чадорот на партиска заштита. Се чувствува нов модел на владеење без компромис, без калкулација, со конкретни резултати. Државата конечно покажува дека е посилна од криминалот што со години ја гушеше.