Skip to main content

Британска издавачка куќа ѝ се извини на Меланија Трамп поради обвинувањата дека Епстин ја запознал со сопругот Доналд

Британската издавачка куќа „Харпер Колинс“ издаде формално извинување до првата дама на САД Меланија Трамп и повлече книга во која беа објавени непотврдени тврдења дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ организирал на Меланија средба со Доналд Трамп, пренесуваат западните медиуми.

„Харпер Колинс“ е третата издавачка куќа што издаде јавно извинување до Меланија Трамп и отстрани содржина поврзана со обвинувањата за Епстин, објави „Аксиос“.

Адвокатите на првата дама рекоа дека активно покренуваат тужби „против сите оние што шират злонамерни, клеветнички лаги“.

-Вистинската приказна за тоа како првата дама го запознала претседателот Трамп е содржана во нејзината најпродавана книга „Меланија“. Книгата откри дека првата дама го запознала својот иден сопруг на забава во Њујорк во 1998 година и дека биле запознаени од некој друг, а не од Епстин – изјави портпаролот на Меланија Трамп.

Поврзани вести