
Евтината оговарачка сапуница, што се случила во зградата на Јавното обвинителство и која им послужила на штипската обвинителката Татјана Кацарова и на државниот обвинител Љупчо Коцевски, да конструираат случај на мобинг против суспендираниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, се распрсна во меури во Основниот граѓански суд Скопје на 3 октомври годинава, пишува во својата колумна за Плусинфо, Бранко Героски.
Калинковска и пред Кацарова призна дека не чула ништо од шефот, ама…
Да се потсетиме. На 9 септември годинава беше објавено дека „по целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични дела – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик“. Јавноста беше скандализирана од приказната, според која обвинетиот Хајрулахи, во периодот од септември 2023 година до 24 октомври 2024 година, како службено лице Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, во службените простории и при вршење на службата, во текот на работното време, наводно „се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување“.
Во обвинението против Хајрулахи се тврди дека тој, користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од шести кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени.
Целата колумна на Плусинфо