
– Европска Унија сака да учествува во мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и да биде дел од меѓународниот преоден комитет во Појасот Газа, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, за време на нејзината посета на Кувајт.
Според неа Европа треба да има важна улога и треба да биде дел од тоа, посочи Калас одговарајќи на новинарско прашање за евентуалното учество на ЕУ во мировниот план на Трамп.
– ЕУ е главен донатор на хуманитарна помош за Палестинците и одржува односи и со Палестинската самоуправа и со Израел. Затоа верувам дека Европа не треба само да биде плаќач, туку и учесник, истакна Калас на маргините на состанокот во Кувајт помеѓу земјите од Персиски Залив и ЕУ.
Таа додаде дека ЕУ работела на мировниот план и оти ќе соработува со арапски партнери. Калас изрази надеж дека „и Израелците ќе се согласат“.
Трамп минатата недела објави мировен план за Појасот Газа, а Израел и Хамас денеска во Египет почнаа индиректни преговори.