Skip to main content

Најголем број странски туристи побарале лекарска помош во Поградец

Летните здравствени амбуланти, кои на крајбрежјето и туристичките области во Албанија функционираа од 1 јуни до 30 септември, опслужиле над 83.000 туристи.

Според Министерството, 36. летни здравствени амбуланти, кои функционираат неколку години наназад, во период од четири месеци, нуделе здравствена заштита 24/7 благодарение на работата на 223 лекари и медицински сестри, обезбедувајќи брз пристап до здравствена услуга за домашните и странските туристи.

Албанското Министерство за здравство и социјална заштита ги објави бројките, според кои над 83.800 туристи, кои го избрале крајбрежјето и туристичките области на Албанија добиле услуга во овие центри, од нив 30 отсто странци.

– Најголемиот проток на туристи кои добиле услуга беше во амбулантите во Голем, Поградец, Драч, Мали и Робит, Ѓири и Лалзит, Шмѓин, додека најчестите дијагнози гастроентеритис, каснувања и алергии, разни вируси и артериска хипертензија, информираа  Министерството за здравство и социјална заштита.

Се оценува дека летните здравствени амбуланти и 20. фиксни станици за брза помош, лоцирани во близина на најфреквентните туристички места и плажи, гарантираа превентивни и советодавни услуги за зачувување на здравјето на туристите.

Според последно објавените податоци, во периодот јануари – август Албанија  ја посетиле околу девет милиони туристи што е за 5,2 отсто поголема бројка во споредба со истиот период лани. Минатата година ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.

Поврзани вести