Skip to main content
Mитинг во Долнени

Мицкоски: Филипче, Ахмети и Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Локалните избори се секогаш можност да зборуваме за локални проблеми. Најчесто граѓаните ги интересираат проблеми кои се од најтесниот нивен интерес – патчето, улицата, булеварот, паркот, училиштето, градинката. Тоа е природно и нормално да биде интерес на граѓаните за локалните избори.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на народниот митинг во Долнени, кој посочи дека на локалните избори треба да се испрати и политичка порака.

-На овие избори имаме две опции, две понуди. Едната е коалицијата која е создадена на основа на непринципиелни релации од коалиционите партнери, врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено главната точка на поврзување на овие политички партии во таа коалиција е гневот и омразата кои тие ги имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата меѓу СДСМ, ДУИ и Левица. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Тој на граѓаните им посочи дека втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се опциите, нема трета опција. Секој кој мисли дека има трета опција, се лаже. Трета опција не постои. Првата е коалиција да се вратиме назад во време кога народот се ограбуваше, кога државата се распродаваше или втората коалиција на ВМРО-ДПМНЕ која живее заедно со народот, за иднината на Македонија, рече Мицкоски.

Поврзани вести