
Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија, вели актуелниот и кандидат за градоначалник за нов мандат на Општината од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски
Спортот прави чуда и создава историја.
-Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови. Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината. Спортот раѓа здрава младина и дисциплина. Дисциплината создава подобро општество. Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети, вели Костовски.