Skip to main content

Заеднички концерт на Националниот џез оркестар со студентите од Скопје и од Штип

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип утре (7 октомври) од 20 часот во малата сала на Филхармонијата.

Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат“, велат од Националниот џез оркестар.

Влезот на концертот е слободен. 

Поврзани вести