Skip to main content

Розов Пикник Појaдок во Градскиот парк за поддршка на жените со рак на дојка

Здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели,ХЕМА-ОНКО, и „Mediсus Help“ денеска во Градскиот парк во Скопје организираат Розов Пикник Појaдок.

Главната цел на настанот е да им оддадеме признание и поддршка на жените кои живеат со оваа болест и секојдневно храбро се соочуваат со нејзините предизвици. Сакаме да им покажеме дека не се сами, заедно сме посилни и можеме многу повеќе. Силни сме, кога сме заедно. Иако секоја борба е лична и единствена, таа станува полесна кога се споделува со некој што разбира и чекори по истиот пат, посочуваат од ХЕМА-ОНКО. 

Во исто време, целта е да се подигне свеста за значењето на превентивните прегледи, навременото препознавање на симптомите и важноста од соодветно и рано откривање.

Од Здружението нагласуваат дека заедно можеме да придонесеме кон намалување на инциденцата и последиците од ракот на дојка. 

Поврзани вести