
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Универзална Сала и град Скопје го најавуваат затворањето на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кое ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, од 20:00 часот, во Сули Ан, Стара чаршија, Скопје.
Проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината“ се заснова на меѓукултурен и меѓугенерациски дијалог, промовирајќи ја разноликоста на културното наследство и овозможувајќи им на младите да ја претстават својата визија за иднината на овој мултикултурен простор. Настанот е дел од програмата на Бела ноќ и предвидени се следните настани: Презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на Старата чаршија (20 часот), во 21:30 часот концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје”, а настапуваат ДЏ Женева (Париз), Дарко Јорданов (Скопје) и Бојан Јанев – Soul Case (Скопје/Берлин).
Влезот е бесплатен за сите посетители.