
39-годишниот А.К. од Скопје вчера пријавил дека на 30.09.2025 во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник во училиштето.
На 02.10.2025 во 13:10 часот во СВР Скопје, А.К.(39) од Скопје пријави дека на 30.09.2025 во 16:10 часот во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Ј., наставник во училиштето, се наведува во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.