Skip to main content

До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики

Freepik

Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености, до крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики, изјави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески кој денеска во Штип присуствуваше на отварање на „Текстилијада 9“.

Тој во одговор на новинарско прашање дали Владата ќе преземе мерки за заштита на животниот стандар, посочи дека наредната година предвидено е поголемо и повекратно зголемување на казнените одредби, а во текот на минатата и оваа година имаат преземено сет на мерки, меѓу кои ограничување на цени.

Неколку битни работи направивме за заштита на животниот стандард и цените особено на прехранбените, земјоделски производи, пред се, донесување на Законот за нефер трговски практики. Комисијата за заштита од конкуренција реагира на сите пријавени недоречености во однос на спроведувањето на законот, особено маркетите. Кон крајот на годината ќе бидат изречени и првите казни, коишто сметаме дека се многу мали. За наредната година имаме предвидено многу поголемо и повеќекратно зголемување на казнените одредби – изјави Ристески.

Тој посочи дека пазарните инспектори имаат изречено и казни кон трговците на големо и мало во текот на годината во износ од околу два милиони евра.

Пазарната инспекција во текот на годинава направи вкупно 18.000 контроли и надзори на трговија на мало и големо. Воочени се и голем број на неправилности за кои се изречени платни налози во висина од околу 120 милиони денари или вкупно два милиони евра. Ние и понатаму ќе ја следиме ситуацијата со цените во сите маркети на трговија на мало и големо – рече Ристески и додаде дека пазарната економија е основна во функционирањето на државата.

Заменик министерот за економија и труд најави и дека како Влада ќе направат и одредени работи во однос на истакнување на цените и тоа преку создавање на единствен софтвер, кој бесплатно ќе биде понуден на сите трговци во Македонија, каде што тие транспарентно треба да ги приложуваат цените кон граѓаните, а граѓаните по пат на вештачка интелегенција ќе можат да формираат и самите сопствена потрошувачка кошничка.

Тоа ќе може да го направат преку апликација која ќе биде достапна за сите и тоа не само со вклучување на апликацијата, туку и со гласовни можности за формирање на таква кошничка, посебно за повозрасните луѓе, пензионерите – прецизира Ристески.

Прашан зоошто Македонија остана на став да оди со овој тип на мерки, а многу земји од регионот излегоа со мерки, последната е Грција, Бугарија, Унгарија, Ристески со одговор дека како Влада никогаш немаат кажано дека нема мерки.

-Ние само будно ја пратиме ситуацијата и од статистичките податоци, коишто ги добиваме гледаме дека е постабилна ситуација во однос на инфлацијата и инфалциониот процес во Македонија, некаде околу 4 проценти, со тенденција на благо намалување посебно на основните прехранбени производи за живот. Доколку имаме ваков пад, тогаш ќе оставиме пазарната економија – понудата и побарувачката по природен пат да ги нормализира цените – посочи Ристески.

Како Влада, додаде, очекуваат дека во наредниот период ќе успееат да ја стабилизираат инфлацијата на годишно ниво и да биде некаде околу 3 проценти.

За тоа ќе придонесат овие мерки, контролите или пак евентуално доколку увидиме дека има некоректно и пазарно однесување кон граѓаните и подривање на животниот стандард ќе има и други мерки, коишто ќе ги планира Владата – подвлече Ристески.

Поврзани вести