Skip to main content

Ѓорѓиевски: Прво ќе направиме генералка да си го исчистиме градот, тоа нема сам да го направам!

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека приоритет му е генералка на Скопје.

Прв приоритет кој што граѓаните го бараат е проблемот со нефункционалноста на Комунална Хигиена. Руралните средини, особено во Скопје, по неколку недели кантите со отпад стојат пред нивните домови. Изминатиов период, особено летово, беше невозможно да се поднесе и да се живее со сето тоа. Јас затоа велам прво ќе направиме генералка да си го исчистиме градот. Чистењето на градот во 72 часа, според мене, треба да претставува состојба на нормализирање на процесите и тука нема сам да го направам тоа, ќе го направат сите вработени во јавните претпријатија кои што ќе се вклучат во целиот тој процес“, најави Ѓорѓиевски.

Поврзани вести