
УХМР најавува обилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминат 30 l/m², а локално и над 50 l/m².
-На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка, информираат од УХМР.
Времето ќе биде облачно и студено, а покрај дождот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
-Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додаваат од УХМР.
Влажниот и студен бран ќе трае до петок. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд.
Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.
Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.