
На денешниот митинг во општина Неготино, кандидатката за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Нацева истакна дека преку реализација на конкретни проекти, Неготино и населените места ќе бидат уште попристојни и поубави за секојдневно живеење и функционирање.
„Секој граѓанин е важен, секој граѓанин заслужува да го добие должното внимание, да биде слушнат, да се разговара со него, да се разменат идеи, мислења и предлози“, нагласи Нацева.
Нацева најави проекти за уредување на центарот на Неготино, со изградба на нов градски плоштад и кружен тек.
„Изградба на нов градски плоштад, изградба на кружен тек, реконструкција со рехабилитација на главната улица Маршал Тито, реконструкција на тротоари на улица Маршал Тито и на улица Партизанска, реконструкција на патот од Долни Дисан до Горни Дисан, реконструкција на улица Ленинова, реконструкција во населено место Криволак и многу други проекти кои ќе значат подобар и поквалитетен живот за сите неготинчани“, рече Нацева.
Нацева заклучи дека токму затоа е Време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!