
Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, вети дека во наредниот мандат ќе има поголема поддршка на занаетчиството во градот.
-Денес остварив средба со претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески. Разговаравме за важноста на занаетите, особено во нашиот град, Охрид, каде што тие се клучни за зачувување на автентичниот дух. Мило ми е што се препознаени напорите на Локалната самоуправа во поддршката на занаетчиската дејност. Ветуваме дека ќе продолжиме да работиме посветено, затоа што занаетите не се само професија, туку и душата на нашиот град, рече Пецаков, кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.