
Даниела Алексовска веше поразена во полуфиналната борба на Светското ММА Првенство во Тбилиси, Грузија поради нелегален зафат – „neck crack“.
„Neck crack“ е нелегална техника во ММА која врши директен притисок и торзија (свртување) на вратот. Оваа техника не е дозволена затоа што може да предизвика сериозни повреди, како оштетување на пршлени, нерви или дури и трајни последици за натпреварувачот.
Судијата на натпреварот не ја заврши својата работа соодветно и не реагираше навремено, со што Даниела беше приморена да се предаде.
Македонската ММА Федерација веднаш поднесе жалба до IMMAF за поништување на одлуката. Одговорот што го добивме беше дека „одлуката не може да биде променета, поради тоа што жалбата не беше поднесена веднаш“. Сакамe да нагласиме дека во самата арена и октагон е строго забрането фотографирање и снимање видео материјали за докази, а во тој момент немавме интернет конекција за да можеме веднаш да реагираме.
IMMAF дополнително информираше дека единствена мерка која може да се преземе е санкционирање на судијата задолжен за мечот, но одлуката за исходот на борбата нема да биде повлечена.