
Вчера во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.
При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 221 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.