Skip to main content

Mурињо се враќа дома на „Стенфорд бриџ“

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Челзи, изјави дека очекува победа против својот некогашен клуб.

– Веќе не сум „Син“. Сега сум „Црвен“ и сакам да победувам. Секако, секогаш ќе бидам „Син“. Јас сум дел од историјата на овој клуб, а Челзи е дел од мојата. Му помогнав на овој клуб да расте, а Челзи ми помогна мене да растам. Кога велам дека не сум „Син“, мислам на работата што треба да ја завршам тука, изјави Мурињо за официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Челзи – Бенфика ќе се игра вечер од 21 часот.

И двата тима во првото коло загубија па ова е можност да дојдат до први бодови сезонава во елитното фудбалско натпреварување

Поврзани вести