Skip to main content

Во Дебар ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на Вреди, во Центар Жупа на ДПТ, СДСМ остава граѓаните да гласат по сопствено убедување

МИА

На претстојните локални избори, што ќе се одржат на 19 октомври, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во Дебар и Центар Жупа, немаат свои кандидати за градононачалници, но ќе учествуваат со кандидатски листи за советници.

Во Дебар ВМРО – ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Вреди, Фисник Меља, додека во Центар Жупа, кандидатот од Демократска партија на Турците (ДПТ), Аријан Ибраим. СДСМ остава граѓаните, со право на глас, да одлучат според сопствено убедување.

На локалните избори, на 19 октомври, во Дебар за градоначалниката функција ќе се борат и Илирјан Фетаху од АКИ и Рамадан Имери, независен кандидат. Во Центар Жупа, покрај Ибраим, кој три последователни мандати беше прв човек на оваа општина, се и Алил Емрула, од партијата Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ) и Инајет Баки од Партијата за движење на Трците (ПДТ).

За членови во Советот на општина Дебар советнички листи имаат СДСМ, каде носител е Мухарем Имероски, ВМРО- ДПМНЕ, Силас Муслиоски, Вреди, Африм Кркути, НАИ, Артин Спахиу и Дргим Каја, носител на независната кандидатска листа. Советот на општина Дебар брои 15 членови.

За 9-члениот совет на Општина Центар Жупа (два помалку од претходно) кандидатски листи имаат ДПТ, каде носител е Абдул Реџеп, СДСМ чиј носител е Ајрис Беќироски, ВМРО-ДПМНЕ со носителот Шуаип Ракипоски, ДНЕТ и Наим Хусеин и Џансур Рахман од ПДТ, која е единствена жена носител на листа во двете општини.

Во единствениот Избрачки список во Општина Дебар се запишани 19.763, додека во соседната општина 7.551 лице со право на глас. Ќе се гласа на 27 односно 16 избирачки места, колку и на минатите изборни циклуси.

Поврзани вести