Skip to main content

Повредени двајца малолетници, со возило излетале од патот

На 28.09.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат с.Кривогаштани- Крушеани, патничко возило „дфск“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Поврзани вести