
Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Продановски, денеска на почетокот на кампањата истакна дека овие избори не се само политички натпревар, туку избор за подобро секојдневие на граѓаните.
„Овие избори се однесуваат на тоа дали ќе имаме подобри улици и училишта, чисти паркови, модерна болница и иднина занашите деца овде, во Прилеп“, порача Продановски.