
Со дела од македонски композитори за камерен оркестар, вечерва во 20 часот во камерната сала на Филхармонијата ќе биде свечено отворен 48. фестивал „Денови на македонската музика“. На програмата се дела од: Дарија Андовска („PRE OoTtOoNnO – OoTtOoNnO PRE“), Валентина Велковска Трајановска („Зора“), Панде Шахов („Езера“), Властимир Николовски („Стари танци“), Кирил Македонски („Адаџо“).
Ќе настапи фестивалскиот камерен оркестар под диригентско водство на Иван Еминовиќ. Влезот е слободен.