
СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори. СДС не да нема понуда, туку се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека на 19ти октомври во Струмица. СДС се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и се плашат од тоа, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека СДС во Струмица шири страв и паника меѓу жителите, затоа што крајот на нивното владеење се ближи.
-Во недостиг на квалитетни кадри, тие нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии.
Да се потсетиме на видеото, каде што кандидатите за советници на СДС во Струмица крвнички тепаат туристи.
Ова не смее да биде повеќе сликата за Струмица. За вакви насилници не смее да има место во Струмица. На народот во Струмица му е доста од локални шерифи и тепачи. Струмичани сакаат вистински промени, нагласува Манасиевски.