Skip to main content

Руски напади врз Киев и Запорожје, седум лица повредени

Freepik

Повеќе станбени згради и објекти се оштетени во текот на изминатата ноќ во руските напади врз Киев, Запорожје, Соломјански и областа Свјатошински, а досега е потврдено дека најмалку седум лица се повредени во нападите, соопштија регионалните власти.

Шефот на воената управа на градот Киев, Тимур Ткаченко во објава на Телеграм посочува дека пет лица се повредени во нападот врз тој град, пренесува Укринформ.

Тој рече дека повеќе станбени згради и објекти се оштетени во нападот.

Главниот советник на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак соопшти за напади со беспилотни летала и ракети.

Претходно, Укринформ објави дека во земјата е прогласена голема воздушна тревога поради полетувањето на борбениот авион МиГ-31 и заканата од ракетни напади.

Поврзани вести