Skip to main content

Непознати дронови летале над најголемата воена база во Данска

Неидентификувани дронови биле забележани синоќа над најголемата воена база во Данска, Каруп, потврди полицијата.

„Дроновите биле забележани на неколку воени објекти, вклучувајќи ја и воздухопловната база Скридструп и полкот ‘Јутландски драгуни’. Од причини на оперативна безбедност и поради тековната истрага, Командата за одбрана на Данска не сака дополнително да коментира за забележаните дронови“, соопшти армијата на Данска.

Данските вооружени сили може да одлучат да соборат дронови над воени објекти, земајќи ја предвид конкретната закана и проценката на ризик.

Командата за одбрана на Данска нема дополнителни коментари.

Леталата не биле соборени, а инцидентот, којшто траел неколку часа, доаѓа по серија случаи во последните денови кога дронови летаа над цивилни и воени објекти, поради што беше затворен воздушниот простор на земјата.

Премиерката Мете Фредериксен ги поврза нарушувањата со можни руски активности, иако не понуди докази, додека, пак, Москва ги демантираше обвинувањата.

Поврзани вести