Skip to main content

Трамп ќе ги преместува натпреварите од СП поради безбедносни причини

Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп објави синоќа дека е подготвен, доколку е потребно од безбедносни причини, да ги премести натпреварите од Светското фудбалско првенство во 2026 година од еден во друг град.

„Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдам дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други градови“, изјави Трамп, конкретно критикувајќи ја статистиката за криминалот во Чикаго, кој не е меѓу градовите домаќини на Светското првенство.

„Ако мислиме дека еден град ќе биде барем малку небезбеден за Светското првенство или Олимписките игри (кои ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година), но особено за Светското првенство, бидејќи има толку многу градови, нема да дозволиме да се игра таму, малку ќе ги преместиме“, рече Трамп.

Градовите домаќини вклучуваат демократски упоришта како што се Лос Анџелес (осум натпревари), Сан Франциско (шест натпревари) и Сиетл (шест натпревари).

Администрацијата на Трамп оваа година ја распореди Националната гарда за да го одржи редот во некои градови контролирани од демократите, вклучувајќи го и Лос Анџелес, и покрај противењето на локалните власти.

Соединетите Американски Држави се домаќини на Светското првенство во фудбал во 2026 година (11 јуни – 19 јули) заедно со Мексико и Канада

Поврзани вести