Skip to main content

Аксиос: Зеленски е подготвен да поднесе оставка по војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил подготвен да поднесе оставка по завршувањето на војната, но дека во моментов Украина продолжува да одговара на руските напади, објави Аксиос.

Во интервју за Аксиос, кое го даде на Менхетен непосредно пред да го напушти Генералното собрание на ОН и да се врати во Киев, Зеленски рече дека има експлицитна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на целни напади врз руските енергетски објекти и фабрики за оружје, доколку Украина добие дополнително оружје со долг дострел.

Тој нагласи дека Украина нема да бомбардира цивили, но дека претставниците на Кремљ „треба да знаат каде се засолништата за бомби“ во случај на продолжување на војната.

Зеленски, исто така, го критикуваше самитот минатиот месец меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, велејќи дека рускиот претседател „доби она што го сакаше“, додека Украина сè уште бара нови системи за оружје што би можеле да го забрзаат крајот на конфликтот.

Претседателот на Украина додаде дека за време на средбата со Трамп во вторникот во Њујорк, тој ја нагласил потребата од посебен систем за вооружување, кој, како што рече, ќе служи пред сè како притисок врз Путин да седне на преговарачка маса.

Зеленски рече дека ќе го именува системот кога „камерите ќе се исклучат“, додавајќи дека Трамп му рекол дека ќе работат на тоа.

Поврзани вести