Skip to main content

Почнува Фестивалот на џез, светска и современа музика во Велес

Фестивалот на џез, светска и современа музика денеска започнува во Велес во организација на Здружението за култура, уметност и млади „Арт Генератор“, со делегирана надлежност од Општина Велес и поддршка од Министерството за култура и туризам. Ова е четврто издание на манифестацијата што со својот интернационален карактер ќе донесе уметници и бендови од САД, Грција и Македонија.

Фестивалската програма ќе трае четири дена, од 25 до 28 септември, и ќе се одвива на повеќе локации: во велешкиот театар „Ј.Х.К. Џинот“, на паркингот пред театарот и на Спомен-костурницата во Велес.

Предвидени се разновидни културни содржини – од работилници и изложби, до концерти, перформанси и DJ сетови. Денес, покрај цијанотипска работилница со уметниците Јасмина Котевска и Иван Алушевски, ќе биде отворена и изложбата „Преиспитувања“ на Никола Пијанманов и Тони Попов.

Поврзани вести