Skip to main content

И Ердоган „жртва“ на протоколот на Трамп, принуден да чека на улиците на Њујорк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се затекна во незгодна ситуација во Њујорк, откако полицијата го принуди да чека на тротоарот додека поминуваше конвојот на американскиот лидер Доналд Трамп.

Ердоган, кој беше во САД по повод Генералното собрание на ОН, беше запрен од страна на припадници на локалната полиција додека се обидуваше да ја премине улицата. Според извештаите, полицијата му го блокирала патот поради минувањето на колоната на Трамп, принудувајќи го турскиот претседател да чека извесно време.

Ердоган е уште еден светски лидер кого Доналд Трамп кој стана „жртва“ на протоколот на Трамп, со тоа што беше застанат на улиците на Менхетен за да направи место за американскиот претседател. Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека турскиот лидер, кој изгледа видно изиритиран, чека на улица опкружен со телохранители.

Ова се случи само еден ден откако слична ситуација доживеа и францускиот претседател Емануел Макрон. Полицијата и него го запре и го принуди да чека на улица додека да помине придружбата на Трамп.

За разлика од смирената реакција на неговиот француски колега, реакцијата на Ердоган не била толку мирна. Настанот кулминираше со судир помеѓу телохранителите на Ердоган, кои се обидувале да ја отстранат металната ограда, и американските полицајци, кој сепак брзо завршил.

Откако поминала колоната на Трамп, сообраќајот бил обновен.

Макрон, за време на неговото застанување му се јави на Трамп и лежерно разговараше со него. – Погоди што, токму сега чекам на улица бидејќи сѐ е блокирано поради тебе, му рекол Макрон на американскиот претседател преку телефон. Францускиот претседател, кој се обидувал пеш да стигне до француската дипломатска мисија по говорот во ОН, неуспешно се обидувал да договори премин со полицијата. – Со мене се 10 луѓе, им рекол Макрон, на што еден од полицајците одговорил: „Жалам, претседателе, навистина ми е жал, но сѐ е моментално блокирано“.

Макрон потоа излезе од автомобилот, насмеан, но и малку нетрпелив, и продолжи пеш кон мисијата, поздравувајќи се и фотографирајќи се со случајните минувачи.

Трамп денеска ќе разговара со Ердоган во Белата, а откако американскиот претседател посочи дека ограничувањето на владата на САД за продажба на напредни борбени авиони на Анкара наскоро може да биде укинато.

Поврзани вести