
Во срцето на Трансилванија, во градот Клуж, живее Орсоља – жена која на прв поглед има сигурна и уредена професија. Како извршител, нејзината работа е да спроведува закони и судски одлуки, да извршува наредби и да не се прашува премногу. Но еден ден, нејзината секојдневна рутина се претвора во лична трагедија – треба да го исели бездомникот од подрумот на зградата каде што и самата живее.
Она што изгледа како обична задача, добива шокантен пресврт кога човекот не ја поднесува неправдата и си го одзема животот. Од тој момент, Орсоља не е повеќе само извршителка на законот – таа станува сведок и учесник во една длабока човечка трагедија.
„Континентал ’25“, новата драма-комедија на режисерот Раду Јуде, отвора прашања на кои нема лесни одговори:
–Дали навистина секогаш можеме да се скриеме зад законот и правилата?
-Каде завршува професионалната должност и каде започнува личната одговорност?
-Што значи да бидеш човек во свет што ја губи емпатијата?
Филмот, со препознатливиот стил на Јуде, ја комбинира суровата реалност со апсурдниот хумор. Кроз дијалози, секојдневни ситуации и неочекувани средби, Орсоља го открива товарот на вината и потребата да се бара вистината, макар и во најнепријатните агли на совеста.
„Континентал ’25“ не е само приказна за една жена и една трагедија – тоа е огледало на цело општество, со сите негови противречности, рамнодушности и невидливи драми што се случуваат зад затворени врати.
Во кината од 25 септември 2025
Не пропуштајте филм кој ќе ве натера да размислувате уште долго по излегувањето од кино-салата.

Континентал ’25:
Во Клуж, главниот град на Трансилванија, Орсоља работи како извршител. Кога ја добива
задачата да го исели бездомникот од подрумот на зградата каде што живее, последиците се
катастрофални, а Орсоља се соочува со голема морална дилема.
Оригинален наслов: Kontinental’ 25
режија: Radu Jude
улоги: Eszter Tompa, Annamária Biluska, Ilinca Manolache, Marius Damian, Serban Pavlu, Adrian Sitru,
Gabriel Spahiu
премиера: 25.09.2025
времетраење: 109′
земја: Романија,Швајцарија, Луксембург, Бразил
жанр: драма, комедија
Категоризација: Трета категорија