
23 училишта од Македонија ја добија титулата „Суперучилиште“ оваа година, а нивните предложени проекти, кои ќе придонесат за градење мир, помирување и интеркултурно учење и дијалог во рамките на Програмата за размена на училишта во Западен Балкан, беа презентирани денес на официјалниот настан наречен „Запознајте ги Суперучилиштата“, организиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Германското здружение за меѓународна соработка (GIZ).
Заедно со претставниците од избраните училишта, на настанот присуствуваа , г-дин. Фатмир Сабриу, Државен Секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, г-ѓа. Елена Ивановска, Државен Секретар во Министерството за образование и наука, г-дин. Александру Албу, Делегација на ЕУ во Македонија и г-дин. Кевин Маас, Амбасада на Сојузна Република Германија во Македонија.
Отворајќи го настанот, г-дин. Фатмир Сабриу, Државен Секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади, рече дека Суперучилиштата се водечка програма на RYCO и дека сме горди на успехот што го постигна досега. RYCO и неговите партнери се горди што се запознаваат со новите 100 училишта кои се дел од 4-тиот циклус, а поточно денес, со рекорден број 23-те наградени училишта од Македонија. Со нетрпение ги очекуваме нивните инспиративни размени.
Г-ѓа. Елена Ивановска, Државен Секретар во Министерството за образование и наука истакна дека „Мир, почит, пријателство и соработка се потребни за светот да оди напред. Ова се всушност вредностите на кои треба да ги учиме младите како во рамки на семејните заедници, така и во рамки на образовните установи. Идејата на RYCO е комплементарна со ова што го говорам, ги поддржува напорите за градење на генерации кои ќе сакаат да бидат обединети и со идентична цел – да го трансформираат регионот во подобро, посреќно и просперитетно место за живеење“.
Г-дин. Александру Албу, ја потврди континуираната поддршка на Европската Унија во поглед на отворање повеќе можности за младите во регионот како програмата за размени, сподели нови повици и простор за младите да бидам вклучени во нивните заедници, членувајќи во тела кои им даваат право на консултација за работи кои ги засегаат.
Додека г-дин. Кевин Маасс ја потенцираше важноста на младите луѓе да бидат отворени за спознавање на сличностите наместо различностите, и се третираат едни со други со почит, сите победуваат на крајот, и програмата Суперучилишта игра голема улога во тоа.
Освен презентирање на идеи за проекти, настанот послужи и како можност за претставниците на избраните училишта подобро да се запознаат и да се вклучат во дискусии со клучните локални и меѓународни партнери на проектот „Суперучилишта“, како и да дознаат повеќе за следните чекори во процесот на имплементација на размена.
Претстојните активности за размена ќе се спроведуваат од 15 ноември оваа година до 15 април следната година. Во овој период, директорите на училиштата и наставниците ќе ги координираат и развиваат овие активности со поддршка на RYCO и неговите ментори. Можете да го видите списокот од 100 средни училишта од регионот, вклучувајќи 23 од Македонија, на веб-страницата на RYCO.
За време на фазата на имплементација, секое партнерско училиште ќе организира една размена во другото партнерското училиште во траење до 6 дена, при што учениците ќе патуваат придружени од еден или двајца наставници. Преку програмата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи на своите домаќини и да научат нови работи за локалните заедници низ целиот регион. Повеќе од 100 предлози за размена беа поднесени за 4-тиот отворен повик на Суперучилишта, кој стави посебен акцент на концептот на сместување во семејства – единствена можност за учениците и училиштата да учествуваат во билатерални размени во рамките на нивните локални заедници и домови. Во овој повик, 13 партнерства имплементираат сместување во семејства.
За програмата Суперучилишта
Суперучилиштата се програма на RYCO за училишни размени во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интерукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од повеќедонаторски проект „Програма за училишна размена во Западен Балкан“, кофинансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
За RYCO
RYCO е меѓувладина организација која се грижи и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во рамките на и меѓу општествата на Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности што градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. RYCO иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Поддржува развој на политичка и социјална средина што ги овластува и олеснува размените меѓу младите.
Извор: МИА