
Според неофицијални информации од локалните медиуми, убиен е Зоран Гргиќ, поранешен политичар на ХДЗ и пратеник од почетокот на 2000-тите. Гргиќ бил и член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент и имал голем број локални политчки функции, јавува „Нови лист“.
Осомничен за убиството е човек во 30-тите години кој наводно испукал неколку куршуми во Гргиќ. Пред пукањето двајцата мажи го поминале денот заедно во куќата на таткото на Гргиќ во Славонија.
Полициски и амбулантни возила се наоѓаат пред куќата каде што се случил насилниот чин.
Според хрватските медиуми, осомничениот ѝ е познат на полицијата. Мештаните тврдат дека тој и Гргиќ се дружеле во пикник-зоната Љешкове Воде, а потоа осомничениот го чекал и ладнокрвно го убил на патот.
По злосторството, убиецот избегал и полицијата организира потера.